Редизајниран Porsche Taycan пристигнува во март годинава

Редизајн на првиот модел на Porsche со погон само на електрични мотори ќе биде претставено пред светската публика во март оваа 2024 година….

Porsche го привршува неколкумесечното тестирање на редизајнираното издание на првиот електричен модел Taycan, со кое успешно одговори на генералниот тренд на електрификација пред четири години.

Во пресрет на светската премиера на редизајнираниот Taycan, за кој Штутгарт вели дека може (поради бројните промени и подобрувања) да се гледа како нов модел, познатата германска автомобилска компанија доби неколку фотографии од тестирање на прототипови ширум светот во различни/екстремни климатски услови. (температурите од – 41 до + 52 степени Целзиусови) поминаа повеќе од 3,5 милиони километри.

Дека во Porsche не оставија ништо на случајноста најдобро говори податокот дека инженерите и тест-возачите кои беа задолжени за првиот електричен Ролс-Ројс (Spectre) поминаа „само“ 2,4 милиони километри при тестирање во слични услови.

„Интензитетот и сеопфатноста на немилосрдното тестирање низ кое требаше да поминат тест-прототипите на редизајнираниот Taycan не се разликуваше од работата што ја правиме кога развиваме модел од следната генерација, а резултатот ќе биде Taycan кој е подобрен во сите сегменти. “, изјави Кевин Гиек, вториот човек задолжен за се што е поврзано со првиот електричен модел на Porsche.

Минатогодишниот потфат на патеката Нирбургринг, каде тест прототипот на новиот најмоќен Taycan (чии 1.000 КС треба да се кријат зад името Turbo GT) ја помина познатата германска патека 26 секунди побрзо од Tesla Model S Plaid и беше само три секунди зад Rimac Never, ги покажа величествените можности на супер спортскиот електричен седан, кој наскоро повеќе нема да биде единственото електрично Porsche, бидејќи штотуку пристигна електричниот SUV модел Macan.





НАЈНОВИ