Peugeot има намера да им понуди ВИ чет-бот (AI chatbot) со вештачка интелигенција на своите купувачи на автомобили во Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија, а потоа и понатаму во втората половина од годината…
Се поголем број производители на автомобили, вклучително и Mercedes-Benz и Volkswagen, додаваат гласовни асистенти базирани на ChatGPT за да ја подобрат безбедноста на патиштата и да им помогнат на клиентите.
“Тоа е нова функција која ви овозможува да ги контролирате системите на автомобилот додека ги држите рацете на воланот и гледате на патот.
Тоа ќе ни помогне да одговориме на различни прашања и теми”, рече Џером Мишерон (Jerome Micheron), директор на производи во Peugeot.
Кога возачот ќе го активира гласовниот асистент „OK Peugeot“, ќе може да одговара на различни прашања, од навигација до интеракција со патниците на различни теми со помош на разговорна вештачка интелигенција, пренесуваат специјализираните портали.
Mercedes-Benz е првиот производител на автомобили што во јуни им понуди верзија на ChatGPT на американските клиенти како дел од тримесечниот бета тест.
Компанијата ги користи наодите за да ја подобри технологијата пред да ја понуди на други пазари.
Volkswagen го демонстрираше својот нов гласовен асистент на ChatGPT на новиот електричен седан ID.7 минатиот месец, за време на одржуцањето на саемот на електрониката за широка потрошувачка – CES во Лас Вегас.
Овој асистент ќе стане стандарден во многу модели на Volkswagen почнувајќи од вториот квартал оваа 2024 година.