На овогодинешната недела на автомобили во Монтереј, Rolls-Royce, покрај уникатниот електричен модел Spectre Semaphore, претставува и специјален Phantom Scintilla.
Инспирација од иконскиот дух на екстази, Phantom Scintilla се одликува со впечатлива двобојна надворешност.
Горниот дел е обработен во Andalusian White боја, додека долниот дел е во Thracian Blue боја.
Двојна лента, едната во бела, а другата во сина боја, елегантно се протега по страните на автомобилот.
На предната страна, амблемот е изработен од керамика, оддавајќи почит на грчката мермерна скулптура „Крилеста победа на Самотракија“.
Оваа скулптура го инспирирала Клод Џонсон (Claude Johnson ), извршен директор на Ролс-Ројс во 1910 година, да ја создаде фигурата на духот на екстази.
Се вели дека внатрешноста е местото каде што Phantom Scintilla навистина сјае, со ѕвезден покрив, контролна табла на која се прикажува уметничко дело наречено „Небесен пулс“ и нај комплексниот дизајн на вратите што некогаш е забележан во автомобил на Rolls Royce.
Изданието е ограничено на само десет примероци, од кои сите се веќе продадени.