Веднаш се проширија коментари интересни а еден од таквите е и тој што гласи – „Подобро и пофункционално од Теslа“?!…
Порталот Auto.ru пронајде во податоците на Федералната служба за интелектуална сопственост (Роспатент) апликација за регистрација на електричен автомобил кој наликува и на Tesla Cybertruck и на класичниот вагон модел VAZ-2104 Ladа.
Авторот на документот приложил и скици кои го покажуваат можниот изглед на ова транспортно средство.
Од VAZ, електричниот автомобил го зеде типот на каросеријата, обликот и формата на светлата, а од Cybertruck, аглести контурит во форма на коцка, карактеристично обликуваниот браник и дисковите на тркалата.
Интересно е што моделот е регистриран како електричен автомобил, но и покрај тоа, од напред се гледа решетката на ладилникот, карактеристична за автомобилите со мотор со внатрешно согорување.
Авторот на проектот, Иван Сухар, смета дека споредбата со Теslа не е оправдана:
„Нашиот автомобил е подобар и пофункционален. Тоа е всушност хибридно возило. Нема да остане без струја на патот, а ќе чини многу поевтино“.
Иван Сухар работи на овој автомобил повеќе од две години, вложувајќи свои средства.