Салонот за автомобили во Детроит годинава е откажан

Како и да е, Салонот се враќа на традицијата, односно на одржување на манифестацијата во јануари, веќе следната 2025 година…

Северноамериканскиот меѓународен саем за автомобили (NAIAS) е откажан за тековната 2024 година, но организаторите најавија дека настанот ќе се врати веќе во јануари наредната 2025 година.

Овој потег го враќа саемот на стариот распоред, бидејќи последните се одржаа во септември.

Извршниот директор на саемот за автомобили во Детроит, Род Албертс, рече во изјавата: „По разговорот со голем број партнери, веруваме дека датумот во јануари е апсолутно нај разумен. Во постојано менување на глобалниот автомобилски пејзаж, ова ажурирање ги одразува нашите напори да го продолжиме Саемот за автомобили во Детроит, држејќи се до она што е најважно – да го привлечеме интересот и вниманието на луѓето за автомобилите.

Саемот ќе трае од 11 до 20 јануари 2025 година, а може да очекуваме и денови, или ден за медиумите.





НАЈНОВИ