Кинеските „кар – мејкери“ на удар на Европската комисија

Европската комисија истражува дали кинеските производители на автомобили  имаат нелојална конкурентска предност во однос на ривалите од Запад…

Инспекторите од Европската комисија наскоро ќе започнат истрага против кинеските производители на автомобили со посета на некои од најголемите брендови во оваа азиска земја од Далечниот Исток.

Истражителите ќе отпатуваат во Кина во следните недели, се тврди во новиот извештај, за да утврдат дали кинеските производители на автомобили имаат нефер конкурентна предност во однос на нивните европски ривали.

BYD, Geely и SAIC се во центарот на вниманието, но изворите велат дека иследниците нема да посетуваат објекти со кои работат не – кинески брендови во Кина. Tesla, Renault и BMW имаат капацитети во земјата, но изгледа дека ќе избегаат од лупата, барем засега.

Истрагата ја покрена самата Европска комисија и се надева дека ќе открие дали кинеските електрични возила добиваат владини субвенции кои им даваат неправедна економска предност кога станува збор за одредување на малопродажните цени во Европа во споредба со европските брендови кои не добиваат владини субвенции.

Кинеските производители на автомобили веќе одговорија на прашалниците на Европската комисија, а се верува дека оваа посета на земјава ќе биде насочена кон проверка на дадените одговори.

Пекинг реагираше луто на истрагата на ЕУ, и додека некои европски производители на автомобили ја поддржуваат истрагата, други, вклучително и BMW – кој произведува неколку модели во Кина – се помалку подготвени да дадат поддршка на овие потези.

Reuters објави дека продажбата на автомобили од кинеско производство сега изнесува 8 отсто од сите возила продадени во ЕУ, бројка што може да се зголеми на 15 отсто веќе до наредната 2025 година.

 





НАЈНОВИ