Најавен е Jeep Avenger 4xe

Jeep го најавува најновото дополнување на својата линија Avenger по огромниот успех на целосно електричната верзија: новиот Jeep Avenger 4xe….

Со непоколеблива посветеност на поместување на границите на перформанси и електрификација, марката Jeep го најавува новиот Avenger 4xe, доказ за неспоредливото наследство на глобалниот SUV бренд.

Во срцето на новиот Avenger 4xe лежи иновативната хибридна технологија 4xe. Овој систем нуди повеќе од само намалени емисии; обезбедува електрифицирано возачко искуство во сите услови на терен.

Ерик Лафорџ (Eric Laforge), шеф на марката Jeep во Европа, вели: „Новиот Jeep Avenger 4xe претставува пресвртница за брендот. Најновата верзија на нашиот успешен модел ја комбинира компактноста и разновидноста на Avenger со перформансите на системот за погон на четири тркала. Резултатот е неспоредлива способност за подинамично возачко искуство. Новиот Avenger 4xe ја комплетира понудата на марката од 4×4 SUV модели во сите сегменти“.

Подигнувајќи ја легендарната способност на Avenger до нови височини, варијантата 4xe добива значителна надградба со интеграцијата на системите со погон на сите тркала. Искористувајќи ја моќта на електрификацијата, новиот Avenger 4xe обезбедува неспоредлива влечна сила и перформанси надвор од патот. Возилото спојува мотор nна внатрешно согорување со моќ од 136 КС (100 kW) со два електрични мотори со моќ од по 21 kW. Благодарение на технологијата „power looping“, новиот Avenger 4xe гарантира тракција со погон на сите тркала без оглед на статусот на полнење на батеријата, обезбедувајќи беспрекорно и сигурно возење на најпредизвикувачките и најразновидните терени.

Новиот Avenger 48V Mild Hybrid систем овозможува возење во целосен електричен режим при мали брзини благодарение на комбинацијата на автоматскиот 6-брзински менувач со двојна спојка e-DCS6 и неговиот интегриран електричен мотор.

Палетата на Avenger е доказ за посветеноста на брендот за слобода на избор, олеснување и охрабрување на пристапот до електрифицирани возила и осигурувајќи дека секое патување е прилагодено на совршенство.

Комбинацијата на 48V благ (mild)-хибридна технологија со системот за погон на четири тркала во Avenger 4xe ја претставува намерата на марката Jeep да понуди одржливо искуство во возењето 4×4 додека останува инклузивно и достапно за европските клиенти.

Марката Jeep отсекогаш ја следела целта да се отвори кон луѓето, преку целосна линија возила 4×4 прилагодени на потребите на секој клиент. Како резултат на стратегијата за електрификација на Jeep, усогласена со светот кој се повеќе се движи кон еколошка одржливост, одговорот на брендот е експанзивен и разновиден опсег на возила, сега посеопфатен од кога било.

Возбудата се зголемува бидејќи нарачките за Jeep Avenger 4xe ќе бидат отворени до крајот на 2024 година. Од урбани авантуристи до љубители на теренски патишта, Avenger 4xe ветува дека ќе ги редефинира границите на можностите и одржливоста.

 





НАЈНОВИ