Се продава електричен Jaguar I-Pace на King Charles

На почетокот на март ќе се најде на аукција електричниот Jaguar I-Pace модел за 2018 година, кој претходно беше во сопственост на сегашниот крал на В. Британија – Чарлс…

Аукциската куќа вели дека Jaguar бил испорачан во Eiger Grey boja, но Чарлс (тогаш принцот од Велс) го испратил назад за да биде обоен во неговата омилена сина боја Loire Blue, што го прави единствениот I-Pace обоен во оваа боја.

Идниот крал (во тоа време) го задржа I-Pace HSE до декември 2021 година, а дотогаш помина 3.000 милји (околу 5.000 километри).

Се проценува дека овој I-Pace би можел да се продаде за 55.000, до 70.000 британски фунти (околу 64.300, до 81.830 евра) кога станува збор за аукцијата на почетокот на март.

 





НАЈНОВИ