Табличка вредна речиси 15 милиони долари на специјален Rolls-Royce Cullinan

Станува збор за Mansory Cullinan Linea D’Oro Unique Edition One of One на кој е поставена оваа уште „повеќе специјална“ регистерска табличка…

Во април минатата година регистарската табличка „Р 7“ беше продадена во Дубаи за рекордни 14,9 милиони американски долари, а сега таа табличка се најдена на модифициран Rolls-Royce Cullinan, поточно на спомнатиот во поднасловот Mansory Cullinan Linea D’Oro Unique Edition One of One.

Станува збор за уникатен примерок, кој доби нов aero body kit (преден спојлер, комплет прагови, заден дифузор…), нови тркала, нов издувен систем, изменета суспензија и уште повеќе (ако е тоа воопшто можно) луксузен ентериер кој одговара на бојата на надворешноста.

Сепак, во сето тоа, посебно се истакнуваат елементите со листови од 24-каратно злато.

Накусо за погонската единица на ова „богатство на тркала) – Под хаубата се наоѓа 6,75-литарски bi – turbo V12 мотор што е засилен до 610 КС и 950 Nm максимален вртежен момент.

Оваа моќна машина на ликсузната креација на четири тркала и овозможува врвни перформанси: Забрзувањето од 0, до 100 km/h беше намалено на 5,0 секунди, а максималната брзина се зголеми на 280 km/h.

 





НАЈНОВИ