Се продава Mercedes стар 121 година вреден над 10 милиони долари

На крајот на месецот на аукција ќе биде понуден револуционерниот Mercedes 60 Simplex, кој кога беше произведен во 1903 година, беше најбрзиот автомобил во светот што масовно е произведен…

Сега внуката на првичниот сопственик одлучила да го продаде. Според специјализираните портали, во светот останаа само пет од нив. Има мотор со четири цилиндри со моќ од 60 КС. Погонскиот агрегат е споен со четири (4) – степен менувач, секако мануелен.

Кога бил нов, тој бил и најбрзиот автомобил на светот, тогаш целосно рачно изработен, а постигнувал максимална брзина од 130 km/h.

Сега, 121 година откако нејзиниот дедо, британскиот издавач и љубител на мотоспортот Алфред Хемсворт (Alfred Hemsworth) го купи овој Mercedes 60 Simplex, внуката Елизабет Хемсворт (Elizabeth Hemsworth) одлучи да го продаде и ќе биде понуден на аукцијата Goodwing & Company на островот „Амелија Ајленд“, во Флорида на 29 февруари.

Хемсворт го купил Simplex 60 директно од дилерот на Mercedes во Франција, Емил Јелинек (Emil Jelinek), кој наводно ги убедил Готлиб Дајмлер (Gottlieb Daimler) и Вилхелм Мајбах (Wilhelm Maybach) да го именуваат автомобилот по неговата ќерка Мерцедес (Mercedes).

Автомобилот учествуваше на неколку трки кога бил нов, победувајќи на некои од нив.

Иако по дефиниција не бил тркачки автомобил, неговите задни седишта и задниот браник можеа да се отстранат, а долгото растојание помеѓу оските и релативно малата тежина го направија доволно пргав.

Хемсворт починал во 1922 година, оставајќи зад себе убаво наследство и импресивна колекција на автомобили.

Simplex автомовилот  го наследил неговиот 12-годишен син Алфред. Автомобвилот бил  добро сочувано од семејството, кое го изложи во 1956 година во Британскиот национален музеј за мотори, кој Лорд го основал и поради кој е именуван музејот. Автомобилот првично е купен за 25.000 златни марки, што денес вреди околу 200.000 евра.

Сепак, аукциската куќа очекува да добие најмалку 10 милиони  американски долари.

Автомобилот е во солидна состојба, но воедно бара и некои работи да се дадат на реставрација.

 





НАЈНОВИ