Volkswagen и BMW повлекуваат стотици илјади возила во САД

Германските производители на автомобили Volkswagen и BMW добија наредба да повлечат стотици илјади автомобили во Соединетите држави поради одделни безбедносни причини…

Повлекувањето опфаќа вкупно 261.257 автомобили од Volkswagen и Audi, објави американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA).

Според NHTSA, автомобилите имаат проблем со пумпата за гориво, што го зголемува ризикот од пожар. Поради тоа овластените сервиси да ја заменат пумпата бесплатно.

И баварскиот автомобилски гигант со стилизиран син пропелер во логото се судира со слични проблеми.

Имено, BMW повлекува 79.670 автомобили поради проблеми со системот за сопирање, што може да го зголеми растојанието за сопирање.

Контролата на стабилноста на ABS и DSC исто така може да не работат правилно.

Соединетите Американски Држави се важен пазар за германските производители на автомобили. Минатата година, групацијата Volkswagen и сите нејзини марки испорачаа 993.100 возила во Северна Америка, што претставува зголемување од речиси 18%.

BMW продаде 395.741 автомобили во САД во 2023 година, 9% повеќе од една година порано.





НАЈНОВИ