Се продава Tyrrell P34, Формула 1 болид со шест тркала

Џоди Шектер е најпознат по освојувањето на светскиот шампионат во Формула 1 во 1979 година, а токму тој во текот на кариерата го возеше најчудниот Ф1 болид со шест тркала. …

Поранешниот шампион Џоди Шектер (Jody Scheckter) поседува копија од автомобилот P34 и ќе го продаде на аукција.

Станува збор за автомобил Tyrrell P34 со оригинална шасија и функционален мотор.

Инаку, P34 е користен во 1976 и 1977 година, а оваа копија е во исклучителна состојба.

Придвижува е од 3,0 литарски V8 мотор Ford-Cosworth DFV од тогашното време.

Дизајнот на автомобилот со шест тркала е замисла на Дерек Гарднер (Derek Gardner), креативниот технички директор на Tyrrell.

Тој веруваше дека автомобилот може да има помали тркала под крилата, додека друг пар тркала ќе ја компензира намалената контактна површина на помалите. Неговиот план беше и да го намали отпорот на воздухот во споредба со ривалите кои користеа поголеми гуми.

Покрај тоа, Гарднер сметаше дека двете дополнителни тркала ќе резултираат со подобро сопирање, но возачите всушност се мачеа на патеката.

„Сопирањето требаше да биде подобро и беше на правците, но штом ќе се свртите, тркалата ќе се лизнат и ќе треба да ја испуштите педалата, така што немаше предност“, изјави Шектер претходно за магазинот „Мотор спорт“ (Мotor Sport). .

И покрај неговите дизајнерски недостатоци, P34 сепак беше успешен на патеката. Шектер и неговиот тимски колега Патрик Депајлер (Patrick Depailler) имаа десет подиуми во 1976 година.

Исто така, Шектер победи на трката за Големата награда на Шведска. За нивна несреќа, 1977 година беше многу послаба година и тимот само четири пати беше на подиумот.

Интересен детал во кокпитот се проѕирните панели во каросеријата, кои му овозможуваат на возачот да ги види гумите, подобро да го позиционира автомобилот во кривините и да ја следи потрошувачката на гумите.

Судејќи според каналите на NACA на предното крило за ладење на гумите, автомобилот се чини дека е спецификации од 1976 година. Следната година дизајнот беше различен со големи мрежести панели.

Со оглед на фактот дека овој P34 не е воден во трка, купувачот ќе има помалку причини да го држи заклучен во гаражата како колекционерски предмет. Аукцијата ќе се одржи во мај во Монако, а се проценува дека автомобилот ќе се продава помеѓу 490.000 и 700.000 американски долари.

 





НАЈНОВИ