Сериски Dodge Charger Daytona во тек на оваа година

Во 2022 година, Dodge го покажа она што го нарекува „иднината на наелектризираните мускули“, имено Charger Daytona SRT Concept во форма на купе со електричен погон и ретро стил…

Во меѓувреме, Dodge, деновиве, ни ги прикажува првите слики од  пред продукцискиот примерок.

Автомобилот ќе им биде достапен на купувачите на крајот на штотуку започнатата 2024 година, но засега нема информации за достапните погонски единици и цената. Овој тест автомобил се чини дека е електрична верзија, а наводно ќе има и бензински и електрични варијанти. Електричниот Charger  ќе има на располагање неколку верзии. Основната верзија добива еден електричен мотор со моќ од 300 kW/408 КС и погон на задните тркала.

Се очекува варијантата со два мотори да има моќ од 500 kW/680 КС и погон на сите четири тркала. На врвот на понудата на моделот, наводно, ќе има изведба со моќ од 660 kW/897 КС.





НАЈНОВИ