Шефот на Jaguar и Land Rover

Има поголем приоритет во борбата против авто-мафијата отколку во намалувањето на даноците

Извршниот директор на Jaguar Land Rover, Адријан Мардел (Adrian Mardell), смета дека борбата против авто-мафијата е повисок приоритет од намалувањето на даночните стапки. Тој ги повика британските власти порешително да се борат со автомобилската мафија.

Тој ја изрази својата загриженост откако британските власти објавија податоци дека значително е зголемен бројот на украдени SUV модели на Range Rover, како и дека нагло се зголемил бројот на оние кои бараат отштета од осигурителната компанија.

Сепак, Мардел уверува дека возилата на неговата компанија имаат добри безбедносни системи и изјави дека споменатите бројки се претерани.

Тој посочи дека организираната кражба на возила, како што наведе, е сериозен проблем во Велика Британија и дека овој проблем значително ги зафатил сите производители, вклучително и Jaguar и Land Rover.

„Нашите клиенти страдаат поради тоа, а на повеќето луѓе во оваа држава тоа нема да им се допадне“, рече Мардел.

Во Велика Британија минатата година најмногу беше украдена Ford Fiesta, а потоа Ford Focus. Меѓу десетте најчесто украдени возила се најдоа моделите Range Rover Sport, Evoque и Sport.

Сметајќи дека кражбата на возила е голем проблем, Мардел изјавил дека повеќе би сакал да се одвојат пари за борба против овој проблем, наместо даночните стапки да се намалат следната година, пренесува специјализираниот портал Autocar.





НАЈНОВИ