Почетна Актуелно Словенски пот...

Словенски потпис за супер-автентичен звук: Lamborghini Temerario доби нов титаниумски испушен систем од Акрапович

3

Италијанскиот производител на ултра-спортски автомобили Lamborghini ја збогати понудата за својот нов модел Temerario со специјален испушен систем изработен од лесен титаниум, кој го потпишува реномираната словенечка компанија Akrapovič, пренесува Index Auto.

За разлика од класичните доработки кои првенствено се фокусираат на зголемување на моќноста, оваа надградба има чисто акустична намена – целта е да се постигне уште поостар, попрепознатлив и помоќен звук од новиот хибриден V8 мотор.

Прилагодена геометрија за високи вртежи
Инженерите од Словенија креираа посебна геометрија за купе изведбата на Temerario, која вклучува цевки со зголемен диметар, специјално дизајнирани колектори и сосема поинаку конципиран заден испушен лонец.

Системот е внимателно прилагоден за да ги нагласи специфичните високи фреквенции на звукот, наместо едноставно да ја зголеми вкупната бучавост. Поради екстремните услови на работа, деловите кои се најмногу изложени на топлина добиле и дополнителна специјална изолација, што е клучна карактеристика за мотор дизајниран да работи на импресивни 10.000 вртежи во минута.

Хибридна моќ од 920 коњски сили
Новиот егзотичен модел го движи 4,0-литрски V8 турбо-мотор развиен во централата во Сант’Агата Болоњезе, кој во комбинација со електромоторите испорачува вкупна системска моќност од 920 коњски сили. Новиот испушен систем од Акрапович е целосно усогласен токму со овој високореволуторен склоп.

Соработката меѓу Lamborghini и словенечкиот специјалист за испушни системи не е нова – тие веќе со успех соработуваа на моделите Urus и Huracán, чии титаниумски издуви се дел од официјалната програма на оригинална дополнителна опрема што ја нуди италијанскиот бренд. Заедно со официјалната најава, Lamborghini објави и кратко видео на кое ја демонстрира суровата акустична моќност на новиот систем.