Со новиот Renault 5 се враќа и касетофонот!!!

Електричниот Renault 5 ја скокотка светската автомобилска јавност со својот дизајн инспириран од ретро стилот…

Пофалбите главно се должат на дизајнот, а Renault го искористи лансирањето на новиот модел за да промовира дополнителни производи. Од низата артикли кои ќе се продаваат онлајн, а веројатно и во салоните, посебно внимание привлекува касетофонот што Французите го враќаат во автомобилот.

Изработен од алуминиум и опремен со приклучоци за слушалки и микрофон, преносливиот касетофон Player5 има Bluetooth и функционалност за репродукција/снимање.

Батеријата на полнење трае до 10 часа, а Renault додава празна касета од 60 минути на целото пакување.

Пакетот вклучува и пенкало за премотување на лентата, пренесуваат специјализираните портали.

Така, со Renault 5 можете да се вратите во времето, да го поставите касетофонот некаде во автомобилот, да го поврзете преку Bluetooth со информативно забавниот систем. Сето ова чини 180 евра.





НАЈНОВИ