Сопственикот на Tesla направи она што ниту Елон Маск не можел

Сопственик на Tesla Model Y инсталирал девет соларни панели на покривот на својот автомобил..

Еден сопственик на Tesla Model Y одлучи да го направи она што дури ни Елон Маск (Elon Musk) не можеше да го направи.

Имено, Маск пред шест години им „наредил“ на своите инженери да ја истражат можноста за поставување соларни ќелии на автомобилите, но тогаш целиот проект бил стопиран поради – неисплатливост.

Дури по неодамнешната премиера на Tesla Cybertruck, Маск најави дека постои можност за инсталирање на ќелии кои ќе обезбедат дополнителен опсег од околу 25 километри.

Што се однесува до сопственикот на Model Y, тој поставил девет соларни панели (по 175 W) на покривот на неговиот автомобил (Dart Solar), пренесуваат информативните агенции.

Така, покрај класичната врска за полнење со струја, ова возило има соларни панели на покривот, преку кои произведува доволно електрична енергија за да помине дополнителни 30 километри.

Сопственикот има направено и веб-страница за следење на неговиот проект, и нуди можност за инсталација на сите заинтересирани клиенти.





НАЈНОВИ