Stellantis инвестира шест милијарди долари во Јужна Америка

Stellantis има намера да инвестира шест милијарди американски долари во развој на нови мотори и возила во Јужна Америка…

Тоа е најголемата инвестиција досега во јужноамериканскиот автомобилски сектор, а трошоците ќе го поддржат лансирањето на повеќе од четириесет модели на автомобили и развојот на мотори способни да согоруваат различни (флексибилни) горива. Тоа е мотор со внатрешно согорување дизајниран да работи и на бензин и на етанол.

Stellantis, исто така, планира возила со хибрид-флекс и plug-in хибрид-флекс (hybrid flax) погонски единици, за уште поголема ефикасност со комбинирање на разновиден мотор со внатрешно согорување со батерија. Покрај тоа, ќе произведе барем еден целосно електричен автомобил во регионот. Инвестициите ќе се реализираат во периодот од 2025 до 2030 година.

Овие електрифицирани мотори со флексибилно гориво се развиваат за да одговараат на потребите на повеќе модели во широкото портфолио на Stellantis. Сè ќе биде компатибилно со постојните производни линии во Јужна Америка за да се одржат ниски трошоци. Новите хибридни модели со флексибилно гориво треба да бидат лансирани кон крајот на 2024 година, а некои возила ќе добијат автоматски менувач со двојна спојка.

Stellantis има пазарен удел од 31,4% во Бразил и 23,5% во цела Јужна Америка. Ги надмина и Аргентина и Чиле. Минатата година, Stellantis испорача повеќе од 878.000 возила во регионот. Таа е лидер и во сегментот на комерцијални возила со учество од 28,6%.





НАЈНОВИ