Трошоците за живот ги прават автомобилите недостапни

Истражувањето на 2.000 возачи во Велика Британија сугерира дека зголемените трошоци за живот имаат значително влијание врз навиките за возење на многумина, бидејќи тие бараат поевтино гориво, го намалуваат возењето, споделуваат патувања со семејството или колегите и ги одложуваат плановите за замена на возила…

Како што пишува британскиот Auto Express, компанијата Close Brothers Motor Finance ги анкетирала возачите што прават и планираат да направат за да се обидат да ги намалат трошоците за нивното возење. 71 отсто велат дека или купиле евтино гориво или имаат намера да го сторат тоа, додека 63 отсто или го намалиле возењето или планираат да го намалат во иднина.

Неверојатни 43 проценти од возачите користат јавен превоз почесто или планираат да го сторат тоа, а зголемените трошоци исто така влијаеле на одлуките за промена на возилата: 22 проценти од возачите го одложуваат префрлањето на електричен автомобил, додека 37 проценти одложуваат со купување на секаков вид. на автомобил, покажуваат бројките.

Според информативните агенции, веста не е добра за  децата кои одат на училиште на поголемо растојание од домот. Имено, истражувањата покажуваат дека до 12 отсто од возачите (родители) побарале од своите деца да одат пешки до училиште, а уште 9 отсто имаат намера да го сторат тоа во иднина.

24 отсто од испитаниците се ослободиле од вториот или третиот автомобил или размислуваат за тоа, додека речиси 20 отсто почнале да им плаќаат гориво на луѓето кои возат во автомобил.

Не е изненадувачки што 33 отсто од анкетираните размислуваат да се префрлат на поефикасно возило, додека 21 отсто веќе купиле велосипед, а уште 9 отсто имаат намера да го сторат тоа во следната година.





НАЈНОВИ