Теslа бара добавувачите да ја избегнуваат Кина

Поради ескалацијата на геополитичките ризици, Tesla наводно бара од своите добавувачи да започнат со производство на компоненти и делови надвор од Кина и Тајван веќе во 2025 година…

Според извештајот на Nikkei News од 23 мај, цитирајќи извори од синџирот на снабдување, добавувачите на печатени кола, панели и електронски контролери за моделите што се продаваат надвор од Кина неодамна добиле барања од Tesla да ги избегнуваат Кина и Тајван. Како причина се наведуваат растечките геополитички ризици во регионот на Голема Кина пред претседателските избори во САД. Целта на овој потег е да се создадат алтернативни извори на снабдување за пазарите надвор од Кина за да се избегнат нарушувања во синџирот на снабдување.

Наводно, добавувач на Tesla со седиште во Тајван открил дека Tesla сака сите компоненти да бидат OOC, OOT, што значи „Надвор од Кина“ и „Надвор од Тајван“. Наводно, се надеваат дека овој предлог ќе може да се реализира во нови проекти следната година. Се вели дека Теslа го поднела ова барање пред американската влада да ги зголеми тарифите за кинеските електрични автомобили четири пати, на 100%.

Извештајот на Nikkei News, исто така, укажува дека Tesla разговарала за ова прашање со добавувачи во Јапонија, Јужна Кореја и други азиски земји. Извор на добавувач на компоненти, цитиран во истиот извештај, спомна дека неговата компанија одговорила на барањето на Теslа со проширување на производството во Тајланд. Изворот тврди дека за многу купувачи како што е Tesla, стратегијата „Кина плус еден“ – која вклучува диверзификација на инвестиции надвор од Кина и во други земји – вклучува и избегнување на Тајван.

Tesla China-made Model 3 vehicles are seen during a delivery event at its factory in Shanghai, China January 7, 2020. REUTERS/Aly Song

Извештајот продолжува да цитира извори, што укажува дека американските производители на автомобили како што се General Motors и Ford, исто така, им наложуваат на своите добавувачи да истражат преместување на нивните производни линии за електроника од Кина и Тајван. Сепак, тие официјално не поднеле барања слични на оние на Теslа.





НАЈНОВИ