Tesla Model Y со две седишта

Tesla го подготви и Model Y со две седишта за компании во Франција, кој има багажен простор од над 2.000 литри.

Информацијата ја објави високиот менаџер на компанијата Тесslа во Франција, Клемент Меж (Klement Mage), кој меѓу другото вели: „Теslа разви модел Y со 2 седишта со капацитет од 2.158 литри, кој нуди опсег до 565 km по WLTP циклус.

Ова еколошко и ефикасно решение нуди дополнителна алтернатива на професионалната мобилност, било за транспорт на стока или како возило за итни случаи“.

Веста не ја прецизираше цената, но рече дека ќе бидат достапни верзии со долг дострел и RWD.

Проценетиот опсег за верзијата со долг дострел е околу 30 km поголем од оној на стандардното возило.





НАЈНОВИ