Новиот BMW M3 ќе продолжи да го користи 3.0 литарскиот со шест цилиндри  мотор

BMW не попушта во намерата да ја зачува динамиката и моќта што ги обезбедува легендарниот M3, подготвувајќи се за лансирањето на својата нова генерација…

Се очекува околу 2027 или 2028 година, потврдено е дека идниот M3 со ознака G84 ќе продолжи да го користи познатиот S58 3.0-литарски дво-турбо мотор со шест цилиндри, и покрај тоа што постојано беше најавуван како целосно електричен модел.

BMW сепак одлучува да остане верен на класичниот пристап, со потребните надградби за да го усогласи моторот со построгите Euro 7 стандарди, пренесуваат новинските агенции.

Иако се шпекулира за можна хибридизација, официјалните планови на BMW се уште не откриваат употреба на оваа технологија за новиот M3.

Се очекува новиот М3 да се заснова на докажаната модуларна платформа CLAR, заедничка за актуелните модели од Series 3, но, за жал, нема да го следи неговиот поспортски брат, моделот М4, пишува BMWblog.

BMW неодамна ги претстави освежените верзии на M4 и M3 кои ќе бидат на пазарот до пролетта 2027 година, кога ќе ја преземе наследникот на M3.

Иако е рано да се зборува за времетраењето на животниот циклус на G84 M3, јасно е дека неговата судбина ќе биде тесно поврзана со прифаќањето на електричниот модел М3 и идните регулативи за емисиите и потрошувачите. Овој модел може да го означи крајот на една ера за М3 со мотор со внатрешно согорување.

Паралелно со развојот на M3 со внатрешно согорување, BMW интензивно работи на електричниот M3, кој ќе се базира на иновативната Neue Klasse платформа.

Оваа платформа ветува исклучителни перформанси со можност за поддршка до 1000 kW (1341 КС) и конфигурација до четири мотори, што навестува дека електричниот M3 сигурно ќе постави нови стандарди во светот на спортските автомобили.





НАЈНОВИ