Toyota ќе инвестира 1,3 милијарди долари за нов електричен SUV

Јапонскиот и најголем производител на автомобили во светот, Toyota соопшти дека ќе инвестира 1,3 милијарди американски долари во својата фабрика во Кентаки за напори за електрификација, вклучително и составување на нов теренец со три реда на батерии за пазарот во САД…

Проектот ја носи вкупната инвестиција во фабриката на речиси десет милијарди долари, пренесува Reuters. Овој потег доаѓа во време кога производителите на автомобили – „ветерани“, како што е Ford, отстапија од своите амбиции за електрични возила (EV) и го пренасочија својот фокус на хибридни и бензински модели.

Најавената инвестиција го поддржува процесот на склопување на е-возила, но и дополнителна линија за пакување батерии, кои ќе бидат доставени до фабриката во Кентаки од Toyota Battery Manufacturing North Carolina.

Фабриката во Кентаки, клучната американска база на јапонскиот производител на автомобили, вработува околу 9.400 работници и собира дури 550.000 возила годишно, вклучувајќи го и популарниот седан Camry.

Toyota, исто така, ја зголеми прогнозата за оперативниот профит за целата година за речиси девет отсто, откако заработката во третиот квартал ги надмина процените на аналитичарите благодарение на послабиот јапонски јен, на што се надоврза и силната продажба на автомобили и хибриди со висока маржа.

 





НАЈНОВИ