Тоyotа креира систем филтри на моторот кој може да „фати“ СО2 од атмосфера

Тоyotа го тестираше системот за филтри за воздух на прототипот GR Corolla GR со погон на водород….

Од благородните напори на Toyota да го спаси моторот со внатрешно согорување, дефинитивно се појавуваат интересни нови технологии.

Јапонскиот производител веќе некое време тестира систем за филтри што може да го фати атмосферскиот јаглерод диоксид. Сепак, има уште долг пат да се помине додека да биде подготвен за сериско производство.

Toyota ја инсталираше предметната технологија на моторот со внатрешно согорување, кој користи водород како гориво. Агрегатот е поставен под хаубата на тркачката GR Corolla, а системот за филтрирање работи така што го зафаќа јаглерод диоксидот, кој потоа се ослободува во течноста, со помош на топлината што ја создава моторот, без да бара дополнителна енергија.

За жал, ќе помине некое време додека оваа технологија да се најде во идниот Prius.

Филтерот собира премалку јаглерод за да ги неутрализира емисиите на просечниот бензински мотор и мора постојано да се заменува. Тркачкиот автомобил успеа да филтрира околу 20 грама јаглерод диоксид во рок од 20 круга, што не е многу. За да ја ставиме оваа вредност во контекст, треба да се забележи дека бензинскиот мотор може да испушта речиси 2.300 грама CO2 на потрошен литар бензин.

Тоyotа ги сруши актуелните трендови во индустријата претходно овој месец, кога претседателот на компанијата, Акио Тојода, објави „проект за развој на капитални мотори“ во време кога сите нејзини конкуренти инвестираат многу во возила на батерии. Јапонскиот производител сè уште не е подготвен да оди на „all-in“ на електрични возила, предвидувајќи побавно прифаќање и намалена пенетрација на пазарот, а истовремено промовирајќи поширок пристап за постигнување јаглеродна неутралност.

Тоyotа верува дека бензинските мотори, хибридите и возилата со горивни ќелии ќе продолжат да постојат. Јапонската компанија и другите производители на автомобили исто така работат на водородни мотори со внатрешно согорување, кои се речиси целосно јаглеродно неутрални.

Додавањето специјален филтер на таков мотор би ги направило 100 проценти еколошки, но Toyota вели дека предметната технологија може да работи и на бензински мотори.

 





НАЈНОВИ