Home Featured Уникатен Mercedes-Maybach S680

Уникатен Mercedes-Maybach S680

0
Уникатен Mercedes-Maybach S680

Mercedes-Maybach претставува уникатна S-класа за која се вели дека го поттикнува (доловува) духот на тркачка јахта од 1939 година…

Mercedes-Maybach S680 служеше како основа, а омажот доаѓа во форма на двобојна надворешност: комбинација од Nautical Blue Metallic и Patagonia Red бои, со странична линија Opalite White Metallic.

Јахтата Sphinx долга 21,48 метри е изградена во 1939 година од бродоградилиштето Abeking & Rasmussen. Со текот на годините, неколку пати се менуваше, но од 2005 година беше вратен во стариот сјај.

Што се однесува до внатрешноста на оваа S-Class, седиштата, панелите на вратите и просторот за складирање се обвиткани во Maybach Manufaktur Exclusive nappa кожа во кристално бела боја, со шевови Orion Grey.

Во внатрешноста доминираат влошки од ореово дрво, внимателно изработени да личат на палубата на бродот, заедно со алуминиумски украсни елементи.

Под хаубата се наоѓа 6,0-литарски V12 твин-турбо мотор со 450 kW/612 КС и 900 Nm вртежен момент.

Maybach не ја објави цената за овој S680, а не го откри ниту идентитетот на богатиот сопственик.

Цената на користените EV паѓа побрзо од оние со термички мотори и хибридни