Почетна Актуелно VinFast најав...

VinFast најави изградба на фабрика во Индија

424

Виетнамската компанија VinFast објави дека планира да изгради своја фабрика во Индија.

Новиот објект ќе биде лоциран во Thoothukudi и се очекува да чини до 2 милијарди долари (1,8 милијарди евра).

Во првата фаза од проектот се инвестираат 500 милиони долари (456 милиони евра), а VinFast вели дека тоа е „значаен чекор“ на третиот по големина пазар на возила во светот.

Изградбата треба да започне кон крајот на оваа година, а се очекува фабриката да вработи меѓу 3.000 и 3.500 луѓе и да има годишен капацитет до 150.000 единици.

Се очекува фабриката да стане трет производствен капацитет на VinFast и најголема инвестиција во историјата на индиската држава Тамил Наду. Компанијата, исто така, планира да отвори дилерска мрежа низ Индија, која „ќе воспостави силно присуство на бренд и брзо ќе се поврзе со клиенти низ целата земја“.

Компанијата, исто така, истакна дека „ќе ги искористи можностите за раст и за брзото проширување на пазарот на електрични возила (што би значило и дека ќе понудат електрични возила со попристапни цени за нивна поголема демократизација“.

Засега нема информации кои модели ќе се произведуваат во фабриката во Индија.