Viritech нуди конверзија на возила со дизел и бензин во возила со погон на водород

Британскиот Viritech разви погонски систем кој го претвора секое возило во систем со горивни ќелии на водород…

Новиот погон со ќелија од 60 kW вклучува DC/DC конвертор, батерија од 16 kWh 400V и ќе генерира 200 kW моќност, како и 4100 Nm на вратилото. Досегот зависи од автомобилот, но самиот Viritech проценува околу 800 km. Дополнително, поставен е резервоар од 6 кг, со регулација на притисок и систем за полнење, пренесуваат специјализираните портали.

И батеријата и системот на резервоарот може да се приспособат по потреба, но ќе има стандарден систем за да се олесни достапноста и да се намалат трошоците.

Погонската единица се уште не е инсталирана во патничките автомобили, досега се користеше во прототипи, но Viritech е подготвена и отворена за соработка со производителите на автомобили. Засега не се знае многу за цената.

Успехот на овој проект? Засега нема многу места каде што можете да го наполните вашето возило со водород…





НАЈНОВИ