Volkswagen доминираше на пазарот на нови автомобили во Германија во 2023

Според статистичките податоци на германската Федерална транспортна управа (KBA), производителот на автомобили со седиште во Волфсбург продал 519.089 патнички возила во 2023 година, што е за 7,9 отсто подобро отколку во 2022 година.

Најпродаван модел во 2023 година беше Golf, при што KBA забележа 81.117 регистрации. Второто и третото место исто така им припаѓаат на Volkswagens, односно crossover моделот T-Roc со 68.678 и поголемиот SUV Tiguan со 63.958 регистрирани единици.

Благодарение на Corsa, Opel ја обезбеди позицијата на четврти најпродаван модел во 2023 година, а од 53.669 единици регистрирани во Германија минатата година, 13.861 беа нарачани со електричен погон, односно секој четврти беше без емисија на CO2. Производителот од Риселсхајм, исто така, истакнува дека над 14,5 милиони единици Corsa се продадени ширум светот откако Opel го претстави моделот од В-сегментот во 1982 година.

VW Passat беше петти со 47.494 продадени примероци, а Fiat, кој исто како и Opel е дел од Stellantis групацијата, собра 47.166 регистрации на сеуште атрактивното Cinquecento (Fiat 500).

Mini, Tesla Model Y и Mercedes C-Class се рангирани на седмото, осмото и деветото соодветно.

Škoda ја заокружи листата на првите десет со 41.819 единици Octavia.

Со продажбата на Tesla од 45.818 примероци Model Y во Германија, електричниот кcrossover беше на јбараното електрично возило. Сепак, Tesla заврши на 15-то место во генералниот пласман во однос на пазарниот удел. Помеѓу 519.089 регистрации на Volkswagen и 63.685 регистрации на Tesla, Mercedes го зазеде второто место со 277.352 регистрирани единици, Audi беше трет, а зад нив беа: BMW, Škoda, Opel, SEAT, Ford, Hyundai, Fiat, Toyota, Kia, Dacia. 68.312 регистрации.

На другиот крај од спектарот, од кинеските производители, MG беше најуспешна со преку 20.000 регистрации, далеку пред BYD и GWM.

Според истите податоци, минатата година во Германија се продадени најмалку 840.304 (29,5%) хибридни возила, од кои 175.724 регистрации на plug-in хибридите. Најпопуларниот хибрид меѓу Германците беше Toyota Yaris hybrid. Сепак, најголем број регистрирани бензински возила е 978.660 (34,4%), додека дизелите сочинуваат 17,1% од пазарот со 486.581 регистрации. Германците исто така регистрирале 524.219 електрични автомобили (18,4%) во 2023 година.

Со учество од 30,1% на нови регистрации SUV возилата го претставуваат најсилниот сегмент во годишниот биланс.





НАЈНОВИ