Volkswagen ID.7 Ѕ

Volkswagen и кинеската компанија SAIC наскоро ќе започнат со производство на нова верзија на електричниот модел ID.7…

Овој Volkswagen ID.7 S, исто така, визуелно се разликува од стандардниот модел ID.7, со дотерани фарови, различни браници и изменето трето странично стакло со задниот столб.

ID.7 S е долг 5026 mm (+ 65 mm), широк 1864 mm, висок 1537 mm и има растојание помеѓу оските од 2966 mm.

Тежината на празното возило е 2130 кг.

Возилото е базирано на модуларната платформа MEB, што значи дека стандардно има погон на задните тркала, иако верзиите со погон на сите тркала со дополнителен мотор на предната оска ќе бидат понудени со дополнителни трошоци.

Засега е потврдена само основната верзија со еден електромотор со моќ од 231 КС.

Сè уште нема информации за капацитетот на батеријата, опсегот и времето на полнење на ID.7 S.

Датумот на почетокот на продажбата на моделот ID.7 S се уште не е официјално потврден, како и цената, но почетокот на продажбата, според сите показатели,  неофицијално, би можело да се очекува во следните неколку месеци.





НАЈНОВИ