Германскиот автомобилски производител Volkswagen најави нов пик-ап модел и објави видео во кое го открива неговото име. Новото возило ќе се вика Tukan и е наменето првенствено за пазарите во Јужна Америка.
Новиот пик-ап е развиен во Бразил и ќе се произведува во оваа земја, а сериското производство се очекува да започне во наредните години. Според првичните најави, моделот ќе биде позициониран под Amarok и ќе биде насочен кон купувачи кои бараат практично и модерно возило за секојдневна употреба.
Иако Volkswagen сè уште не ги објави техничките спецификации, од тизер-снимките може да се забележи дека новиот модел ќе има робустен дизајн, заштитни пластични елементи и релативно краток товарен простор.
Името Tukan е инспирирано од тропската птица тукан, која е симбол на Јужна Америка. Од компанијата наведуваат дека сакале да изберат кратко, препознатливо и лесно запаметливо име, кое ќе функционира на различни пазари.
Новиот модел е дел од стратегијата на Volkswagen за проширување на понудата во сегментот на комерцијални и полукомуцијални возила, со посебен фокус на пазарите во развој.
Со овој потег, Volkswagen дополнително ја зацврстува својата позиција во сегментот на пик-ап возила и најавува нови модели во иднина.