Volkswagen постигна историски успех станувајќи првата автомобилска марка која освои четири „Златни волани“ во една година. Овој престижен успех беше објавен на 49-та церемонија на наградите „Das Goldene Lenkrad“.
Во година во која се доделуваа 12 „Златни волани“, Volkswagen освои четири, додека други награди од групата добија Cupra и Porsche, што ја зголеми вкупната бројка на освоени награди на шест.
Овој рекорд ја потврдува успешната стратегија на Volkswagen, која се базира на иновации, нови модели и модерен дизајн, ја зацврстува позицијата на брендот како лидер во автомобилската индустрија и значаен конкурент на глобалниот пазар.