Volkswagen T-Roc cabrio нема да добие наследник

Volkswagen планира следната година да лансира нова генерација на моделот T-Roc., но тоа што сега е познато е дека наследникот нема да добие кабриолет верзија…

Отфрлањето на кабриолет верзијата на T-Roc ќе ја остави марката VW без понуда на модел во оваа егзотична гранка и дополнително ќе ја намали достапноста на овој тип на возила во Европа.

Имено, актуелниот T-Roc следната година ќе биде заменет со нов модел кој ќе ја користи помодерната платформа MBQ Evo, која е основа и на редизајнираниот Golf, како и на новите Passat и Tiguan.

Новиот T-Roc ќе биде последниот модел на VW со мотори со внатрешно согорување, изјави шефот за развој на брендот VW Каи Груниц (Kai Grunitz)

за новинарите на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас, додавајќи: „Постои само мала група на купувачи за кабриолет.

T-Roc беше трет најпродаван автомобил во Европа минатата година, бидејќи по 11 месеци беа регистрирани 191.015 единици, според податоците од платформата Dataforce. Од таа бројка, VW продаде 11.693 кабриолет верзии во истиот период, што беше втор најдобар резултат во Европа по Mini кабриолет.

Тековниот T-Roc беше лансиран во 2017 година, а кабриолет верзија со мек покрив беше додадена во 2020 година. На новата генерација нема да има наследник на топлес верзијата. Новиот T-Roc, како што погоре спомнавме, ќе се базира на платформата MQB Evo, што ќе му овозможи на VW да додаде технологија како што се plug-in хибриден погон и адаптивна суспензија.

Сепак, купувачите се надеваат на враќање на физичките копчиња и прекинувачи за секундарните функции, што VW го најави и како новина за новите модели.

 





НАЈНОВИ