Volkswagen Tiguan L Pro

Новиот Volkswagen Tayron со седум седишта би требало да го наследи пензионираниот Tiguan Allspace на пазарите на „ Стар дама“,Европа…

Ваков продолжен SUV модел, сепак, прво ќе пристигне на кинескиот пазар, но таму ќе се продава како Tiguan L Pro (на сликата), со избор на стандардни и спортски пакети за стилизирање R-Line.

Станува збор за глобален модел, бидејќи Tayron / Tiguan L Pro се планира да се произведува во Германија (Волфсбург), Кина (Антинг и Чангчун) и Мексико (Пеубла).

Како и кај новиот Tiguan, тој се заснова на новата Volkswagen MQB-Evo платформа.

Во однос на големината се наведува дека Tiguan L Pro е долг 4735 mm, широк 1859 mm и висок 1682 mm, што го прави 197 mm подолг, 17 mm поширок и 43 mm повисок од новиот Tiguan.

Исто така, Tiguan L Pro добива и растојание помеѓу оските од 2791 mm, што е за 111 mm подолго од третата генерација на Tiguan.

Покрај виртуелната инструмент табла и централниот екран на допир од 15 инчи, пред патникот има и екран од 11,6 инчи.

Во Кина, Tiguan L Pro ќе биде придвижуван од 2.0-литарски со четири цилиндри турбо бензински мотор што ќе располага со моќ од 186 КС во основната форма и со моќ од 220 КС во повисоки спецификации (спарен со седум 7-степен менувач со двојна спојка).

Премиерата се очекува на крајот на овој месец, април, на саемот за автомобили во Пекинг, кога ќе биде објавена и цената.





НАЈНОВИ