Еве зошто возачите користат обична штипка во кабината на автомобилот

На пазарот има илјада решенија како внатрешноста на возилото да мириса убаво, а меѓу нив се типични освежувачи наменети за автомобилот…

Сепак, постојат предмети кои можат да ја извршуваат истата функција за многу помалку пари.

Станува збор за обични дрвени штипки за алишта кои можат да направат „чудо“ во кабината, пренесуваат информативните агенции и весницу од регионот.

Постапката за отстранување на непријатните мириси од автомобилот со помош на обична штипалка за простирање на алишта, всушност, е многу едноставна. Доволно е да изберете есенцијално масло и да ставите неколку капки на штипалката.

После тоа, сè што треба да направите е да го поставите така „намирисаната“ штипалка на отворот за вентилација на автомобилот.

Попаметно е да ја прикачите истата штипалка на еден од страничните отвори, за да не попречува во средината на контролната табла и при ракување со централниот екран и другите важни контроли.

Поради своите карактеристики, дрвото веднаш ќе го впие етеричното миризливо масло.

Со оставање на штипалката на отворот за вентилација, полека ќе се ослободи избраната арома, а кога клима уредот е вклучен мирисот ќе биде уште поинтензивен.





НАЈНОВИ