Возачите во Британија бараат резервно тркало да биде стандардна опрема

Автомобилската индустрија се повеќе има навика да ги заменува резервните тркала на автомобилите со комплети за поправање гуми. ..

Легитимно, но често недоволно, особено во случај на големо оштетување на гумите, пренесуваат британските медиуми со неодамнешното истражување на Автомобилската асоцијација (АА) во таа земја, во кое учествувале околу 10.000 испитаници.

Автомобилската асоцијација соопшти дека 82 отсто од анкетираните членови веруваат дека е неопходно резервно тркало, особено на неквалитетни патишта полни со дупки, од кои, наводно, има многу во Велика БританијаК.

За да го намалат времето што патролите за помош на пат го поминуваат за реагирање на такви ситуации, водачите и персоналот на АА сакаат да ја подигнат свеста за можноста за купување резервна гума потоа, откако автомобилот ќе излезе од салонот.

Половина од анкетираните возачи би биле среќни да платат за резервно тркало, а повеќе од една третина изјавиле дека не се сигурни како да го користат комплетот за поправање гуми што се нуди како алтернатива на резервното тркало.

-Претходно, кога на некое возило ќе му дупна гума, нашите патроли едноставно ставаа резервно тркало и возачот наскоро можеше да продолжи по својот пат. Во последно време, бидејќи производителите одлучија да инсталираат комплет за надувување наместо резервно тркало, на нашите патроли може да им требаат неколку часа за да го решат истиот проблем – вели механичарот Крис Вуд (АА). Се препорачува сопствениците кои имаат резервна гума да проверат дали е напумпана до соодветен притисок, а оние кои немаат да размислат да купат.

Поради големиот пад на бројот на автомобили опремени со резервно тркало, националниот сервис за автомобили во Британија интервенираше во околу 200.000 ситуации во текот на 2022 година, додека бројките пред пандемијата покажуваат дека оваа бројка била околу 165.000.

Експертите објаснуваат дека појавата на тешките електрични возила, чии конструктори се обидуваат да ги намалат димензиите на секој чекор, мора да најдат доволно простор за големи батерии, што значи дека бројот на возила со резервни гуми во иднина уште повеќе ќе се намалува.

Разгледани се спецификациите на повеќе од 300 различни модели кои се продаваат во В. Британија денес.

Од 28 марки, само осум од нив опремиле некои од нивните модели со резервно тркало, а за многу модели тоа било достапно само на одредени варијанти. Само 2,6 отсто од моделите имале стандардна резервна гума, што е причина за поплаките на возачите.





НАЈНОВИ