но прифатлив електричен модел Spring, а оваа тизер слика служи како најава за претстојната премиера…
Секако, затемнетата слика не открива детали, па за повеќе информации ќе треба да почекаме уште малку.
Според претходните најави, премиерата ќе се одржи на салонот за автомобили во Женева, кој започнува на 26 февруари.
Како и да е, очекуваме рестилизиран екстериер (предниот дел по моделот на новиот Duster), нови тркала и бои, како и значително променет ентериер со нови материјали и опрема.
Останува да видиме дали ќе има промени во однос на електро моторите и батериите.
Да потсетиме дека минатата година Dacia го претстави Spring Extreme 65, кој има нов електромотор со 48 kW/65 КС и батерија од 27,4 kWh (бруто).
На крајот, Dacia Spring минатата година беше продадена во 61.803 примероци во светот, а растот од 26,4% во однос на 2022 година му обезбеди статус на трето најпродавано електрично возило на европскиот пазар на приватни клиенти.