Вредноста на акцијата на Vinfast во слободен пад

Вредноста на акциите има „вртоглав“ оад, од 82 до само 3 (со букви – три) американски долари!…

На својот врв, новиот производител на автомобили беше проценет на повеќе од 85 милијарди долари.

Во август минатата година Винфаст вредеше повеќе од Ford, General Motors и BMW, но за разлика од останатите брендови во првите десет, Vinfast има мизерна продажба.

Покрај тоа, искуствата во возењето со првиот модел, VF8, исто така се покажаа како разочарувачки.

И покрај тоа, акцијата порасна од почетната цена од 10 долари на повеќе од 82 долари по акција во август. Но, наскоро цената падна и сега акцијата вреди помалку од 3 долари.

На почетокот на овој месец, две адвокатски фирми објавија тужба во која се тврди дека Vinfast давал лажни изјави за своите деловни резултати и успеси при издавањето акции.

Во изјава за Charlotte News & Observer, портпаролот на Vinfast ги нарече тврдењата неосновани.

– Vinfast се придржуваше до највисоките етички стандарди и доследно ги почитуваше сите закони и прописи на пазарите каде што работи. Нема да коментираме повеќе за ова прашање.

Инаку, Vinast во април годинава во Европа ненадејно ја спушти цената на својот SUV VF8 со најголема батерија од повеќе од 74.000 на 59.790 евра, што наиде на големо негодување кај купувачите кои ги купија возилата по повисока цена. според тоа што го пренесуваат специјализираните магазини и портали.

Во САД, новинарите го критикуваа Vinfast VF8. Се покажа дека шасијата е недовршена, има системи кои не се правилно поврзани и се слушаат разни несакани звуци.

Во 2022 година, марката продаде помалку од осум илјади автомобили и претрпе загуба од 2,1 милијарди долари.

Иако минатата година тој број се искачи на 34.855, но тоа се уште е далеку од целта.

Темни облаци го прекриваат небото на компанијата, а не се наѕираат посветли денови.





НАЈНОВИ