Вредноста на компанијата Vespa се проценува на над една милијарда евра

Всушност, проценката на вредноста на реномираниот бренд всушност надминува една милијарда, бидејќи официјалната бројка е 1,1 милион евра. Студијата која стигна до оваа бројка беше нарачана од Piaggio Group -матичната компанија на Vespa, а спроведена од агенцијата Interbrand.

Interbrand при одредувањето на финансиската вредност на брендот Vespa, користел докажани техники за вреднување на брендот, вклучувајќи финансиска анализа со примарни и квантитативни податоци собрани преку глобално истражување на пазарот спроведено на клучните пазари на Vespa  (Италија, Франција, Германија, Шпанија, САД, Виетнам, Тајланд, Индонезија, Кина и Индија).

Студијата покажа дека неодамнешното партнерство на Vespа со светските брендови како Disney Pixar на филмот „Luca“ и Dior, како и специјалното Mickey Maus издание на Primaverа, помогнаа да се зацврсти позицијата на Vespa како глобална икона.

„Извештајот потврдува дека Vespa глобално се перципира [како] повеќе од обичен скутер.

Манфреди Рика (Manfredi Rika), директор за глобална стратегија на Interbrand, рече: „Терминот „иконичен“ често се користи премногу, но навистина не постои друг начин да се дефинира овој бренд“.

„Vespa е бренд со наследство, но постојано се развива; таа е суштински италијанска, но сепак глобално сакана; таа е врвна марка, но сепак инклузивна. Нашата работа за вреднување не само што го открива успехот на овој посакуван и баран бренд – туку покажува и како Vespа може да означи слобода и живот во животот многу подалеку од границите на мобилноста и во нови арени. Калибарот и успехот на партнерствата на брендот зборуваат сами за себе“.

 

НАЈНОВИ