Зашто многумина возачи го игнорираат овој дел од автомобилот – и како тоа може да ве чини здравје и пари

Многу возачи го игнорираат филтерот за кабина, а тој е клучен за квалитетот на воздухот во автомобилот. Овој филтер го спречува влегувањето на прашина, полен, чад и бактерии, кои инаку би се ширеле низ кабината. Воздухот внатре може да биде дури пет пати повеќе загаден отколку надвор, па негова редовна замена е од големо значење за здравјето на патниците.

Кога филтерот е запушен, протокот на воздух се намалува, а влагата и нечистотиите создаваат услови за развој на мувла и бактерии, што може да предизвика алергии, главоболки и иритација на очите. Исто така, запушениот филтер го оптоварува системот за вентилација и климатизација, што може да доведе до зголемено трошење гориво и потенцијално скапи поправки.

Јасни знаци дека е време за замена се:

слаб проток на воздух,

мувлест мирис при вклучување на вентилацијата,

поголема кондензација на прозорите,

повеќе прашина или алергиски симптоми во кабината.

Експертите препорачуваат филтерот да се менува на секои 15.000 до 20.000 километри или најмалку еднаш годишно. Ако често возите низ градски метеж, по правливи патишта или во средини со многу полен, интервалот треба да биде уште пократок. Редовната замена е едноставна и евтина интервенција, која овозможува почист воздух, поудобно возење и помал ризик од скапи дефекти.

НАЈНОВИ