Жените избраа: Објавени пет финалисти за „Женски автомобил на годината“ (WWCOTY World Car) 2024

Стручното жири составено од 75 женски автомобилски новинарки од дури 52 земји во светот откри кои пет автомобили влегуваат во последната битка за престижната награда „WWCOTY ( Women’s Worldwide Car of the Year 2024“…

Финалистите беа избрани во пет категории: „семеен автомобил“, „SUV“, „голем автомобил“, „ексклузивен автомобил“ и „4×4&pick-up“. Сите финалисти триумфираа во нивните сегменти во однос на безбедноста, возењето, технологијата, удобноста, ефикасноста, влијанието врз животната средина и вредноста за парите.

Критериумите за гласање се засноваат на истите принципи што го интересираат секој возач при изборот на возило. Тоа значи дека жирито на WWCOTY не избира „женски автомобил“ бидејќи автомобилите не се родови, а таква категорија не постои. При изборот на кандидати, тестирањето, анализирањето и конечно оценувањето, се земаат предвид аспектите како што се, меѓу другото, безбедноста, квалитетот, цената, впечатоците од возењето, влијанието врз животната средина и други важни параметри за секој возач.

Вкупно 62 кандидати беа во трка за триумф во една од категориите WWCOTY. Секој од нив мораше да исполни одредени услови пред да влезе во трката за наградата – кандидатот требаше да претставува нова генерација, а не редизајн, како и да се продава на најмалку два континента и дека својот пазарен живот го започнал во периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 година.

Ова е 14-то издание на престижните награди што ги доделува WWCOTY, кој го сочинуваат тим од 75 женски автомобилски новинарки од 52 земји на пет континенти. Тоа е единственото женско жири во автомобилската индустрија во целиот свет.

Не се гласа по случаен избор. Сите оценки се дадени по бројни тестови на возила, возење, детални анализи и студии за конкуренција. Затоа наградите WWCOTY се всушност репер за милиони клиенти ширум светот. Резултатот е пет одлични модели, пет автомобили кои го претставуваат врвот на нивната категорија, автомобили кои ја заслужуваат наградата Светски автомобил на годината во својата класа.

Овие пет победници кои сега се објавени ќе одат во последната рунда на жири за избор на севкупниот победник, WWCOTY World Car of the Year. Годинешниот победник ќе биде објавен на 8 март, Меѓународниот ден на жената.

2024 WOMEN’S WORLDWIDE CAR OF THE YEAR

 

ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ

  1. Семеен автомобил (долг до 4,6 m): VOLVO EX30
  2. Голем автомобил (подолг од 4,6 m): BMW Seriesа 5
  3. SUV (подолг од 4,6 m): KIA EV9
  4. 4X4 & Pick-up: VOLKSWAGEN AMAROK
  5. Ексклузивен автомобил: ASTON MARTIN DB12

За финалистите:

Volvo EX30

Првиот компактен премиум crossover модел од Volvo е EX30, третиот 100% електричен автомобил на оваа марка и воедно нивниот најприфатлив модел. Се издвојува со електричен досег од 450 km, квалитетна изработка, безбедносни системи и – ова е Volvo со најмал јаглерод до сега. Покрај тоа, тој е многу удобен и простран.

 

BMW Series 5

Новата Series 5 од BMW се нуди со широк асортиман на мотори, преку бензински и дизел мотори, па сè до, за прв пат досега за овој модел, целосно електричната варијанта на i5. Осмата генерација носи цела палета на најнапредни технологии и нуди пространа и удобна кабина за сите патници. Покрај тоа, ова е првото BMW што во својата стандардна опрема нуди ентериер направен од вегански материјали.

Kia EV9

Првиот голем целосно електричен SUV на јужнокорејскиот производител доаѓа со седум седишта. И покрај неговата должина од пет метри и неговиот впечатлив блок дизајн, Kia EV9 е исклучително аеродинамичен. Покрај дизајнот, се истакнува и со употребата на најмодерната технологија, како и со иновативното ултра брзо полнење на батеријата. Цената, која е многу конкурентна во споредба со ривалите од истиот сегмент, се смета за додадена вредност.

 

Volkswagen Amarok

Новата генерација на Volkswagen Amarok претставува голем чекор напред за овој модел. Сега е поудобно, нуди поквалитетна внатрешност и побогата опрема, а има и подобри теренски карактеристики, како и поголема носивост од порано. За Amarok се подготвени дури пет мотори, кои се прилагодени на секој пазар каде што се продава овој пик-ап.

Aston Martin DB12

Луксузот, елеганцијата и перформансите го дефинираат новиот Aston Martin DB12. Го придвижува twin-турбо V8 мотор со 680 КС, додека максималната брзина е 325 km/h, а забрзувањето до 100 km/h е 3,6 секунди. Најзабележливата промена секако е во кабината, која сега носи сосема нов дизајн, врвен квалитет и финиш, додека функционалноста на овој спортски автомобил не е изгубена.

За жирито на WWCOTY

Работата на жирито во изминатата година беше обележана со следење на трендовите на сите пазари, кои се свртуваат кон поефикасни и поодржливи модели.

„Гласањето не беше лесно поради многу високото ниво на кое беа сите кандидати“, вели Марта Гарсија (Marta Garcia), претседателка на жирито за женско возило на годината во светот.

Уникатната награда WWCOTY има за цел да ги препознае најдобрите автомобили и да им даде глас на жените во автомобилскиот свет. Критериумите за гласање се засноваат на истите принципи што го интересираат секој возач при изборот на возило. Тоа значи дека жирито на WWCOTY не избира „женски автомобил“ затоа што автомобилите не се родови, а таква категорија не постои. При изборот на кандидати, тестирањето, анализирањето и конечно оценувањето, се земаат предвид аспектите како што се, меѓу другото, безбедноста, квалитетот, цената, впечатоците од возењето, влијанието врз животната средина и други важни параметри за секој возач. Сепак, освен изборот на најдобрите автомобили на годината, целта на жирито на WWCOTY е да им даде видливост на жените во автомобилскиот свет и да придонесе да се слушне женскиот глас на сите континенти бидејќи мобилноста за жената значи пристап до многу лични и професионални можности.





НАЈНОВИ