125 години производство на автомобили“: Opel ќе прославува голем јубилеј со бројни активности

  • Сабота, 8 јуни 2024 година: отворен ден во седиштето на Opel во Rüsselsheim.

  • „Од 1899 година, секогаш фокусирани кон иднината.“: разновидна програма во Rüsselsheim: обиколка на фабриката, поп-ап изложба, автомобилски дизајнерски икони и многу други моменти.

  • Возбуда на патеката: тест возења на Corsa Rally Electric и Rocks Electric.

  • Свечената церемонија со Федералниот канцелар и други почесни гости, ќе има директен пренос на следниов ЛИНК. Почеток: 11:00 часот.

Rüsselsheim. Opel произведува автомобили во изминатите 125 години. 125 години во кои брендот инспирираше со иновации и се здоби со милиони задоволни клиенти. На 8 јуни, оваа сабота, Opel ќе ја прослави годишнината со „отворен ден“ во седиштето на Opel во Rüsselsheim. Во согласност со мотото на годишнината „Од 1899 година, секогаш фокусирани кон иднината“, клиентите, вработените и јавноста, како и почесните гости од политиката и Stellantis, ќе можат да ги погледнат автомобилските пресвртници во историјата на Opel. Низ обиколката во фабриката, посетителите ќе имаат прилика можат да „ѕирнат зад сцената“ или да го искусат Opel одблиску на патеката со Corsa Rally Electric или Rocks Electric.

Но, „125 години производство на автомобили“, за Opel не е единствената годишнина што се прославува. Во 1964 година, пред точно 60 години,  „Opel Design Studio“ започна со работа како прв дизајнерски центар за автомобили во Европа. Затоа, посетителите во сабота ќе можат да се восхитуваат и на култниот автомобилски дизајн од шест децении.

Извршниот директор на Opel, Florian Huettl изјави: „125 години производство на автомобили во Opel. Ние нѐ само што сакаме прикладно да ја одбележиме оваа годишнина со нашите посетители, туку и да покажеме како Opel отсекогаш помагал и се прилагодувал на постојаните промени во автомобилската индустрија. Opel и некогаш ù сега е фокусиран да чекори кон иднината. Оваа сабота, новата Opel Frontera и новиот Opel Grandland ќе ја имаат својата премиера пред јавноста токму овде во седиштето, во срцето на Opel. Со овие нови модели, од оваа година па натаму, на нашите клиенти ќе им понудиме целосно електрична верзија од секој еден модел на Opel. Сето ова го одразува нашето јубилејно мото „Од 1899 година, секогаш фокусирани кон иднината“.

 





НАЈНОВИ