Во октомври 2025та, Porsche ќе го прекине производството на 718 со класични мотори

Побарувачката за електрични автомобили моментално доживува голем пад, но засега тоа не влијае на претходната одлука на Porsche да го прекине производството на серијата 718, која се движи со мотори со внатрешно согорување, во октомври следната 2025 година…

Серијата 718 на Porsche, која се состои од исклучителни Cayman/Boxster конструкција со две седишта, со централно поставени мотори со четири и шест цилиндри, следната година ќе ја наследи претходно најавената нова генерација со која моторите со внатрешно согорување ќе бидат заменети со електромотори, па така новата Серијата 718 ќе му се придружи на помалиот SUV модел на Porsche, со име Macan, чија неодамна претставена нова генерација сега се нуди само во комбинација со електричен погон.

Како што пренесуваат специјализираните портали, според новите информации кои би можеле да бидат корисни за потенцијалните купувачи кои не се заинтересирани за електрични автомобили, Porsche до октомври следната година ќе ги произведува актуелните Caymans и Boxsters (982) со погон на мотори со внатрешно согорување, а паралелно со нив за одреден временски период треба да се произведе и нова генерација на електричен погон (983), која следната година ќе им се придружи на постоечките електрични модели на Porsche.

Паралелното производство на конвенционално и електричните Cayman/Boxsters и можноста за брза адаптација на производствените капацитети оставаат доволно простор за Porsche евентуално да ја промени претходната одлука за напуштање на моторите со внатрешно согорување и кај моделите од серијата 718, бидејќи сегашната прилично слаба побарувачка за автомобили на електричен погон, реално, не функционира во прилог на споменатата одлука.





НАЈНОВИ