Ford: Време е Американците повторно да се заљубат во помали автомобили

Време е САД повторно да се заљубат во помали автомобили, според извршниот директор на Ford…

Во едно опсежно интервју на фестивалот „Аспен идеи “(Aspen Ideas), Џим Фарли (Jim Farley) рече дека автомобилската индустрија мора да се фокусира на помали електрични автомобили и комерцијални возила.

Фарли вели дека Американците се „заљубени во овие возила-чудовишта “, но рече дека треба „да се заљубат повторно “, во мали автомобили.

„Треба повторно да се заљубиме во помалите возила. Тоа е исклучително важно за нашето општество и за усвојувањето на електрични возила “, рече Фарли. „Едноставно сме заљубени во овие возила-чудовишта, а и јас ги сакам, но тие имаат голем проблем со тежината.

Просечната тежина на ново возило продадено во САД минатата година беше 2000 кг, што е за 450 кг повеќе отколку во 1980 година.

Според новинските агенции, Ford очекува наскоро да претстави целосно електрично возило за 30.000 долари, со што би се скршила ценовната бариера што ги направи електричните возила недостижен луксуз за сите освен за најбогатите клиенти.

Фарли минатата недела изјави дека новото електрично возило на Ford ќе му конкурира на кинескиот BYD, на кој американската администрација сака драстично да ги зголеми тарифите. Исто така, ќе се натпреварува со новиот електричен автомобил на Tesla што се очекува следната година.

Фарли рече дека Ford ќе се фокусира на ново возило, но не и на голем електричен SUV.

Големите возила, кои користат SUS мотори, традиционално се главниот извор на профит за американските производители на автомобили, особено во случајот со Ford.

„Морате да направите радикална промена за да дојдете до профитабилно ЕV. Првото нешто што треба да направиме е да го префрлиме целиот наш капитал кон помали, попристапни електрични возила “, рече Фарли.

„Овие огромни, огромни електрични возила никогаш нема да заработат: батеријата е 50.000 долари, дури и со низок никел. Таквите автомобили никогаш нема да бидат достапни “, рече Фарли.

Screenshot

Фарли додаде дека е критично за Ford, кој загуби 132.000 долари на секое продадено електрично возило во првите три месеци од оваа година, да произведува профитабилни електрични возила во следните пет години.

„Ако не можеме да заработиме пари на електрични возила, имаме конкуренти кои имаат најголем пазар во светот, кои веќе доминираат на глобално ниво, кои веќе го поставуваат својот синџир на снабдување низ целиот свет “, додаде на тоа Фарли.

„И ако не направиме профитабилни електрични возила во следните пет години, каква е иднината? Ќе бидеме ограничени само на Северна Америка “, заклучи извршниот директор на Ford.

 





НАЈНОВИ