Hennessey Venom F5 Stealth серија

Hennessey подготви ограничена серија Stealth издание на својот хипер автомобил Venom F5…

Hennessey ќе направи вкупно само 99 примероци на Venom F5 и само три од нив се модели од серијата Stealth. Сите три се базирани на револуција фокусирана на патеката со бензински мотор со работен волумен од 6,6-литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V и со twin турбо технолофија со двоен полнач, што испорачува моќ од  1.817 КС.

Станува збор за две Coupe верзии и за еден Roadster. Двете беа изложени на настанот во Монтереј Авто Недела (Monterey Car Week) и покажуваат дека компанијата од Тексас може да изгради фантастични хипер автомобили исто како и Европејците.

Секој од трите примероци има специјална каросерија и шасија изработени од јаглеродни влакна, за што се потребни околу 2.350 часа за да се склопи. Изданието на автомобилот „Elemental Green“ ги спојува елементите од јаглеродни влакна со компоненти обоени во неверојатна зелена нијанса. Според компанијата, само фарбањето траело повеќе од 650 часа.

Автомобилот, исто така, има златна акцентна лента на предниот сплитер, страничните прегради, отворот за воздух на покривот и задниот дифузор, додека овие елементи се совпаѓаат со тркалата со мат златна завршница.

Го има и тркачкиот број „44“ на предниот сплитер и задното крило.

Секој од моделите од серијата Stealth чини повеќе од 3 милиони американски долари, а сите три веќе имаат купувачи.





НАЈНОВИ