BMW подготвува околу 40 освежени и нови модели

Амбициозните планови на BMW за следните неколку години вклучуваат неколку нови електрични модели, но и модели кои ќе продолжат да се движат со мотори со внатрешно согорување, вклучувајќи го и познатиот V8 мотор…

Од Минхен стигна и официјална потврда дека BMW до 2029 година ќе претстави околу 40 модели, меѓу кои ќе има и целосно нови и редизајнирани модели, а од баварската автомобилска компанија нагласија дека електрификацијата нема да го запре развојот и производството на модели со турбо бензин и турбо дизел погонски мотори.

Веќе е познато дека на BMW во развојот на повеќето нови електрични автомобили ќе му помага компанијата Rimac, а на големо се шпекулира и дека најимпресивниот електричен модел на Баварците би требало да биде популарниот М3 од следната генерација.

Премиерата на четвртата генерација SUV модел X3 се очекува пред крајот на годината.

Новиот X5 ќе пристигне на сцената многу наскоро, а сите кои имаа привилегија да ги видат моделите од претпродукција тврдат дека и двата се значително поатрактивни од постоечките модели, пренесуваат светкските информативни агенции.

Редизајнираните модели ги вклучуваат серијата 2 Gran Coupe и луксузниот i7 со електричен погон, додека познатиот 4,4 литарски битурбо V8 мотор останува главната движечка сила за M5 и неговиот нов, попрактичен дериват, караван верзијата M5 Touring.

Иако имаше најави дека споменатиот V8 мотор повеќе нема да се вградува во моделите X5, X6 и X7 (без ознаката М), бидејќи треба да биде заменет со познатиот три литарски со шест ( 6 ) – во линија (ред), поставени цилиндри, мотор со ознака B58.

Но ова, како што сега стојат работите. нема да се случи.

Имено, во BMW веруваат во целосна електрификација, но нагласија дека ќе пристапат во согласност со барањата на пазарот во различни региони, што во моментов исклучува крај на развојот на мотори со внатрешно согорување кои исто така ќе го задоволат најавениот Euro7 стандард.

Се чини моќните и (акустични) оркестрации на верзиите со осум цилинфри ќе продожат да оркестрираат.





НАЈНОВИ