Болидот на Ferrari SF -24 за новата сезона во Ф1

Тимот на Ferrari денеска го претстави новиот болид „ SF-24“ со кој ќе учествува во овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Ferrari  минатата сезона ја заврши на третото место во генералниот пласман кај конструкторите со 406 бодови. За тимот на Ferrari оваа сезона повторно ќе возат Шарл Леклер од Монако и Шпанецот Карлос Саинц. Леклер минатата сезона заврши на петтото место во генералниот пласман на возачи со 206 поени, додека Саинц беше седми со 200.

– Оваа сезона мора да ја започнеме онаму каде што застанавме на крајот од минатата сезона со цел постојано да се подобруваме во сите области. Нè очекува најдолгата сезона во Ф1.

Сите заедно мораме да бидеме поефикасни, како и да правиме смели избори за да постигнеме најдобар можен резултат на секоја трка – изјави директорот на Ferrari, Фредерик Васер.

Новата сезона во Ф1 започнува на 2 март со Големата награда на Бахреин.





НАЈНОВИ