BYD ја зголеми продажбата во вториот квартал за 21 отсто

Кинескиот поизводител на автомобили – BYD извести за 21 отсто зголемување на продажбата на електрични возила во вториот квартал, со што ја намали разликата во однос на Tesla, откако му ја отстапи титулата најголем продавач на електрични возила во светот на својот американски ривал во првиот квартал од оваа 2024 година…

Кинескиот производител на автомобили BYD продаде 426.039 електрични возила во периодот април-јуни, според пресметките на Reuters врз основа на неговите месечни извештаи за продажба.  Тоа е околу 12.000 возила помалку од проценетите испораки на возила на Tesla во вториот квартал.

Се очекува Tesla да пријави пад од шест проценти на испораките на возила во вториот квартал во вторник, што е прв пат американската компанија да забележи пад во два последователни квартали, поради тешката конкуренција во Кина и побавната побарувачка поради недостатокот на достапни нови модели на пазарот.

Компанијата наскоро би можела да ја отстапи својата титула во сегментот ЕV на BYD доколку вистинските резултати се покажат послаби од проценетите, при што Barclays предвидува пад од 11 отсто на испораките во вториот квартал, што би било најголем пад на Tesla досега.

За споредба, нејзиниот најголем кинески конкурент BYD одржува стабилен раст на продажбата на ЕV, додека новите производители на ЕV, како што е Nio, забележаа извонреден раст во изминатиот квартал.Испораките на возила NIO во вториот квартал се зголемија повеќе од двојно на 57.300 единици.

Имено компанијата Теslа Motors се соочи со неуспех по долгогодишен брз раст што помогна да стане највредниот производител на автомобили на нашата планета.

Во јануари тие предупредија дека растот на испораките во оваа 2024 година ќе биде „значително помал“ бидејќи ефектот од неколкумесечните намалувања на цените ќе се намали, односно ќе се минимизира, со што ќе се изгуби „бранот“ што ја поттикнувал продажбата.

Останува да почекаме и да видиме дали овие предвидувања на експертите ќе се исполнат.





НАЈНОВИ