Dacia Sandrider тестирана во Велс и Франција

Dacia ќе учествува на релито Дакар следната година со „дивиот“ модел Sandrider, кој неодамна го тестираше во Велс и Франција…

Моделот Dacia Sandrider  е хомологиран за категоријата Ultimate T1+ и ќе учествува на настани за време на Светскиот шампионат во рели-Рејд (World Rally-Raid Championship).

Поставен е на лесна тубуларна (цевчеста) шасија, а придвижуван е од 3,0-литарски twin -turbo V6 мотор, кој испорачува моќност од 360 КС и 539 Nm максимален вртежен момент.

Овој мотор е поврзан со шест (6)-брзински секвенцијален менувач преку кој силата се пренесува на сите четири тркала.

Иако Dacia Sandrider ќе го има своето деби на Дакар (Dakar Rally), Dacia немаше проблем да ги доведе некои од најголемите имиња како Себастијан Леб,  (Sébastien Loeb) Насер Ал-Атијах ( Nasser Al-Attiyah) и Кристина Гутиерез (Cristina Gutiérrez).

Инаку, Леб и Гутиерез веќе ja тестираа Dacia Sandrider два дена во комплексот за тестирање Sweet Lamb во Велс, пред тимот да отпатува во Франција на четиридневно тестирање за сите возачи.

Тимот на Dacia сега ja подготвува Dacia Sandrider за ригорозна тест програма во Мароко од 28 јуни до 6 јули.

Станува збор за сличен терен на кој учесниците ќе се сретнат за време на релито Дакар што се одржува од 3 до 17 јануари наредната 2025 година.

Интересно е тоа што моторот на Dacia Sandrider беше дизајниран да користи синтетичко гориво на Armaco.





НАЈНОВИ