Во еден град се задоволни од намалувањето на бројот на загинати и повредени…
Во март 2022 година, ограничувањето на брзината беше намалено на 30 km/h на повеќето патишта во францускиот град Лион. Оваа мерка овозможи да се намали бројот на сообраќајни несреќи за една третина.
Две години по спроведувањето на ограничувањето на брзината од 30 km/h во Лион, градоначалникот Грегори Дуз (Gregori Duse) ги поздрави резултатите.
– Денеска гледаме исклучителни резултати бидејќи го намаливме бројот на сообраќајни незгоди за 35%, тоа е значајно. Имаме и намалување на тешките сообраќајни несреќи за 39%, односно намалување на бројот на загинати и тешки повреди.
Од 30 март 2022 година, повеќе од 80 отсто од улиците во Лион добија ограничување на брзината од 30 км/ч, потсетувааат специјализираните портали.
Сепак, според истражувањата спроведени во градот, просечната брзина и понатаму е малку повисока од дозволената брзина, бидејќи е 38 km/h. Сега во интерес на надлежните е уште повеќе да се намали брзината, а се планираат и мерки како поставување на дополнителни брзински камери.