Директорот на Volkswagen смета дека електричните автомобили сега се технолошки супериорни

Електромобилноста со години ќе биде главна тема, се зборува за тоа дали ќе успее, за падот на продажбата на електрични автомобили, за кинеската закана…

Во таа насока, сега извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блум (Oliver Blumе), ја коментираше моменталната проблематична ситуација со електричните автомобили.

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (Frankfurter Allgemeine Zeitung FАZ), Блуме објасни дека преминот кон електрични автомобили ќе трае подолго отколку што се претпоставуваше пред неколку години.

И покрај тоа, сепак јасно се потпира на електромобилноста, пренесуваат специјализираните портали.

Досега, од негова гледна точка, технолошките и еколошки свесни купувачи треба да возат електрични автомобили:

– Тие ги гледаат предностите, бидејќи електричните автомобили сега се технички супериорни.

Сега, според Блуме, мора да се убеди широката маса на возачи. Тој тврди дека VW работи на тоа до 2035 година во Европа да се продаваат само електрични возила. Ќе видиме што ќе се случи на крајот. Засега се крена голема врева во јавноста и навистина е тешко да се процени како ќе се одвива и каква разврска ќе има оваа интересна игра.





НАЈНОВИ